Ердоган: „Туркије ќе продолжи да работи со сите сили за воспоставување праведен и траен мир“

February 24, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во својата видеопорака до 4. Самит на лидери на платформата на Крим по повод 3-годишнината од почетокот на руско-украинската војна, истакна дека како земја и нација стојат покрај пријателскиот украински народ, известува Анадолу.

Изразувајќи го своето сочувство за Украинците кои ги загубија животите бранејќи ја својата земја во изминатите 3 години и изразувајќи сочувство до нивните семејства, Ердоган истакна:

„Од анексијата на Крим во 2014 година, Туркије ја даде потребната поддршка за праведната кауза на Украина во согласност со основните принципи на меѓународното право. Исто како што го објавивме нашето противење на војната пред три години кога започна конфликтот, денес сме одлучни да вложиме максимални напори за завршување на војната преку преговори. Притоа, ја продолжуваме нашата силна поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.“

Зборувајќи дека како што војната влегува во својата четврта година, гледаат дека пристапите засновани на дипломатија, дијалог и преговори добиваат на интензитет, Ердоган го истакна следново:

„Се надеваме дека овој процес ќе биде почеток на завршување на конфликтите и воспоставување траен мир. Како што се залагавме од самиот почеток, патот кон праведен и траен мир може да се отвори само со равенка во која двете страни во војната ќе бидат застапени подеднакво и правично. Минатата недела во Анкара разговаравме и со господин Зеленски за придонесот што Туркије може да го даде во овој важен момент и нејзината желба да биде домаќин на преговорите. Би сакал да го кажам ова со сета моја искреност, сите имаме важни обврски следната година да ја прославиме како годишнина на мирот, а не на војната. Како Туркије ќе продолжиме да работиме со сите сили за воспоставување праведен и траен мир. Со овие мисли, од сѐ срце се надевам дека 2025 година ќе биде година во која ќе се изгради мирот. Му се молам на Бога, светиот месец Рамазан, кој ќе го дочекаме за неколку дена, да донесе мир, спокојство и благосостојба за целото човештво.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Куртоа се враќа во репрезентацијата, ќе брани против Македонија

Следно

Зеленски на третата година од руската инвазија: Три години апсолутно херојство

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,
Go toTop