Ердоган: Туркије има за цел да постигне целосна независност во енергетиката

February 10, 2024
1 min read

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, нагласи дека главната цел на земјата е да постигне „целосна енергетска независност“, јавува Анадолу.

„Нашата главна цел е да постигнеме целосна независност во енергетиката. Одлучни сме и храбро спроведуваме иницијативи кои ќе ја гарантираат енергетската безбедност на Туркије“, рече Ердоган за време на неговиот говор на состанокот организиран во турската област Зонгулдак.

Ердоган истакна дека дневното производство на нафтени бунари во планината Габар, лоцирана во југоисточната турска област Ширнак, од денес надмина 35.000 барели.

„Ние имаме за цел дневното производство на нафта во Габар да достигне 100.000 барели до крајот на 2024 година“, додаде тој.

Од 2020 година, Туркије ги зајакна напорите за истражување на нафта и гас, а овие напори резултираа со новооткриени резерви во југоисточниот регион Габар.

Рекордните нивоа на производство на нафта за кои придонесоа новите резерви ја доближија земјата до нејзината цел за постигнување енергетска независност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

6-годишно дете од Газа пронајдено мртво по неколкудневна неизвесност

Следно

Израелската армија го бомбардираше секторот Рафа, според Хамас во Газа ноќеска загинале најмалку 110 цивили

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop