Ердоган: Туркије и Велика Британија може да преземат нови чекори за унапредување на односите

July 12, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и новоизбраниот британски премиер Кир Стармер се сретнаа синоќа првпат во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

За време на состанокот зад затворени врати што се одржа на маргините на последниот ден од самитот на НАТО во Вашингтон, Ердоган и Стармер разговараа за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство.

Нагласувајќи дека во новиот период Туркије и Велика Британија може да преземат „нови чекори“ за унапредување на односите во сите области, Ердоган рече дека неговата земја сака да продолжи да расте „позитивниот курс во односите“.

Тоа беше прва тет-а-тет средба меѓу Ердоган и Стармер откако тој стана премиер минатата недела, кога неговата Лабуристичка партија убедливо победи во Долниот дом на Парламентот, освојувајќи 412 од вкупно 650 места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинескиот министер за надворешни работи ги критикуваше „неоснованите обвинувања“ на НАТО

Следно

Повисоки пензии со нови заеми или зголемување на старосната граница

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop