Ердоган: Туркије е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан

May 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и ја изрази подготвеноста на Туркије да „стори сѐ што е во нејзина моќ за да спречи натамошно ескалирање на тензиите“ меѓу Индија и Пакистан, јавува Анадолу.

Турскиот Директорат за комуникации истакна дека во телефонскиот разговор станало збор за тензиите меѓу Индија и Пакистан, за нападот што се случи синоќа и за најновите случувања.

„Во разговорот претседателот Ердоган го изрази солидаризирањето на Туркије со Пакистан, изрази сочувство за загинатите Пакистанци во нападот и им посака брзо закрепнување на повредените“, соопшти Директоратот преку платформата X.

Турскиот претседател ја изрази поддршката на Анкара за „смирениот и одмерениот пристап“ на Пакистан.

Ердоган рече дека предлогот на Пакистан за неутрална, транспарентна и кредибилна меѓународна истрага за нападот од 22 април во Џаму и Кашмир е најсоодветен.

Исламабад денес соопшти дека најмалку 26 цивили се убиени, а 46 се повредени во индиската „Операција Синдор“ во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Њу Делхи истакна дека цел била „терористичка инфраструктура“ во Пакистан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската Црвена полумесечина отвори народна кујна и им подели топол оброк на жителите на Газа

Следно

Божиновска во Аргумент плус: Очекувам Законот за енергетика да се донесе до крајот на месецот

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop