Ердоган: Трошоците за штетата од уништувањето на Израел во Газа се проценуваат на 100 милијарди долари

February 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека трошоците за штетата предизвикана од уништувањето во Газа се проценуваат на 100 милијарди долари и дека Владата на израелскиот премиер Нетанјаху е одговорна за „оваа голема сметка“, јавува Анадолу.

„Израелската администрација мора прво да биде обвинета за уништувањето што го предизвика и со тоа треба да започне процесот на обнова во Газа“, рече Ердоган на Состанокот за стратешка соработка меѓу Туркије и Малезија во новиот век во Куала Лумпур заедно со малезискиот премиер Анвар Ибрахим.

„Наместо да бара место за жителите на Газа, кои не може да ги избрка од својата земја, Нетанјаху треба да бара извор за покривање на 100 милијарди долари од штетата што ја предизвика во палестинската енклава“, рече турскиот претседател.

„Домовите, земјиштето и работните места запленети од израелската држава и ‘нечесните’ доселеници мора да им бидат вратени на вистинските палестински сопственици“, додаде Ердоган.

Тој истакна дека никој нема да може да изврши втора Накба на палестинскиот народ.

Ердоган, исто така, изјави дека градењето систем заснован на доверба кој ги опфаќа сите и ги вреднува разликите како извор на богатство не е избор, туку обврска.

„Од економија до дипломатија, од трговија до безбедност, ни треба нов пристап и нов глобален поредок за решавање на проблемите“, истакна тој.

Анвар изјави дека Туркије е земја која значително ја зголемила својата национална свест и чест и станала геополитичка сила.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Општина Врапчиште ги прекрши и правата на децата

Следно

Шарените куќи во турскиот град Кајсери прекриени со снежна покривка

Latest from Blog

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши
Go toTop