Ердоган: Терористичките напади не можат да го запрат напредокот на Туркије

December 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Терористичките напади нема да можат да го запрат напредокот на Туркије, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Говорејќи на церемонијата на доделувањето на наградите од областа на науката во главниот град Анкара, Ердоган порача: „Сакам да се знае дека грозоморните терористички напади, чија цел е да го задушат подемот на Туркије, никогаш нема да можат да го попречат нашиот свет марш.“

„Не се сомневам дека овој век во кој се наоѓаме ќе биде ера на нашата нација и на нашата држава.“

Потсетувајќи за загинувањето на 12 турски војници во терористичкиот напад на ПКК минатата недела, Ердоган рече дека за само 36 часа Туркије уништила вкупно 54 терористи, додавајќи дека крвта на загинатите херои нема да биде залудно пролеана.

Туркије спроведе воздушни операции на 71 позиција во Северен Ирак и Сирија, соопшти претходно турското Министерство за одбрана.

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак, каде што планираат прекугранични напади во Туркије. Терористичката организација има и сириски огранок, познат како ЈПГ.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и бебиња.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники во Скопје 

Следно

Родилката од Делчево починала ноќеска на Карил, новорoденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop