Ердоган: Терористичкиот напад во Анкара за цел ги имаше опстанокот и мирот на земјата

October 23, 2024
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека гнасниот терористички напад врз објектот на турската Воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во подрачјето на главниот град Анкара всушност бил насочен кон опстанокот, мирот и одбраната на земјата, известува Анадолу.

Претседателот Ердоган рече дека тоа е подмолен напад врз идеалот за „целосно независна Туркије“, која прави извонреден напредок во одбранбената индустрија.

„Терористичкиот напад врз ТУСАШ, една од локомотивите на организациите на турската одбранбена индустрија, е подмолен напад кој е насочен кон опстанокот на нашата земја, мирот на нашата нација и нашите одбранбени иницијативи кои се симбол на нашиот идеал за „Целосно независна Туркије“, напиша Ердоган на социјалната мрежа X.

Турскиот претседател истакна дека безбедносните сили во земајта брзо интервенирале и ги неутрализирале терористите.

„Ниту една структура, ниту една терористичка организација која ги има за цел нашата безбедност нема да може да ги постигне своите цели и да успее во своите зли намери. Одлучно ќе продолжи нашата борба против сите видови терористички закани и нивните поддржувачи“, нагласи Ердоган.

Изразувајќи сочувство до жртвите од нападот и до целата нација, турскиот претседател на ранетите им посака брзо закрепнување.

Претходно Ердоган соопшти дека во нападот животот го загубиле 4 лица, а 14 се повредени.

Обвинителите во Анкара започнаа истрага за терористичкиот напад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гордана Сиљановска Давкова „Ова бесмислено насилство никогаш нема да триумфира над мирот“

Следно

Петрушевски: СДС е во фаза на самоуништување и во опозиција не умее да биде конструктивна, а тоа е потребно за доброто на Македонија

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop