Ердоган: Со поддршка на западните сили Израел се обидува да разгори регионален конфликт

October 26, 2024
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Ционистичката израелска влада, помогната од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со синоќешниот израелски напад врз Иран, јавува Анадолу.

Ердоган имаше свое обраќање на церемонијата во Хатај, јужна Туркије, за доделување нови домови на населението погодено од разорните земјотреси кои се случија во февруари минатата година.

„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и неговите поддржувачи“, порача Ердоган, додавајќи дека пристапот на Израел на крајот ќе пропадне: „Со овој начин на размислување, Израел нема да постигне ништо“.

Ердоган, исто така, упати порака на солидарност до иранската влада и народ. „Упатувам порака на солидарност до нашиот сосед Иран и иранската влада, кои синоќа беа цел на израелска агресија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пијани украле сообраќаен знак: УЕФА дисквалификува двајца полски судии

Следно

Бугарски Фактор: На посочените адреси во Пловдив нема јазично училиште кое издава серификати на англиски јазик кои ги поседува Христовски

Latest from Blog

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој
Go toTop