Ердоган: „Со испораката на нуклеарно гориво постројката Аккују доби статус на прва нуклеарна електрана во Туркије“

April 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека првата нуклеарна електрана Аккују службено добила статус на нуклеарна постројка со денешната испорака на првото нуклеарно гориво на локација на електраната во јужната турска област Мерсин, известува Анадолу.

„Со испораката на нуклеарното гориво по воздушен и морски пат во нашата електрана, Аккују доби статус на нуклеарна електрана“, рече Ердоган во своето обраќање по пат на видео-конференциски линк на церемонијата по повод првата испорака на нуклеарно гориво во Аккују.

Еродан нагласи дека на тој начин Туркије влегла во лигата на земји со нуклеарна енергија во светотот со доцнење од 60 години, колку што траеше сонот за првата нуклеарна централа во таа земја.

Меѓувладиниот договор за електраната во Мерсин е потпишан меѓу Туркије и Русија во мај 2010 година. Свеченоста на полагањето на камен-темелникот се одржа на 3. април 2018 година, по што започна изградбата на првиот од вкупно четирите реактори кои во моментов се во изградба.

Електричната енергија произведена од топлината на горливите шипки ќе биде еквивалентна на енергијата добиена од 124.500 вагони јаглен, со што ќе се спречи емисија од 2,1 милијарда тони јаглерод во период од 60 години, колку што е работниот век на електраната.

Постројката ќе произведе 35 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно и ќе ги задоволи потребите на околу 10 % од потрошувачката од електрична енергија на Туркије.

Откако електраната ќе биде потполно оперативна, се очекува вработување на околу 4.000 лица.

„Како и многу други важни проекти, Аккују е имплементирана со моделот на финансирање кое не ја оптеретува државата. Аккују е нашето наголемо заедничко инвестирање со Русија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека овој проект, кој ќе придонесе за намалување на увозот на природен гас за 1,5 милијарди долари годишно, исто така позитивно ќе влијае и на зголемувањето на националниот приход.

Електраната, за која се очекува да има инсталирана моќ од 4.800 мегавати и четири реактори, би требало да почне да произведува струја кон крајот на оваа година.

Претседателот Ердоган денес најави дена наскоро ќе почне изградбата на втората и третата нуклеарна електрана во земјата, благодарение на позитивното искуство од изградбата на централата Аккују, која се смета за најголемо градилиште од тој вид на светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лажни волонтери закана за ОИ 2024 во Париз

Следно

Шефицата на УНМИК во ОН: Треба да се врати довербата во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop