Ердоган се состана со Блинкен во Анкара

February 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во турската престолнина Анкара се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, јавува Анадолу.

Средбата е одржана во почесната канцеларија на аеродромот Есенбога во Анкара. Состанокот беше затворен за новинарите.

На состанокот присуствуваа и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и американскиот амбасадор во Анкара, Џефри Флејк.

Претходно Блинкен во Анкара се состана и со министерот Чавушоглу.

Блинкен синоќа допатува во Анкара, откако ги посети подрачјата погодени од земјотресот што ги потресе јужните делови на Туркије.

Во рамки на дводневната посета на Туркије, која на 6 јануари ја потресоа два разорни земјотреси, Блинкен синоќа пристигна во воената база Инџирлик во Адана, каде што го пречека министерот Чавушоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“

Следно

Доњецк: Засилени се нападите во украинскиот Вухледар

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да
Go toTop