Ердоган: САД ги користат терористичките организации во регионот за сопствени интереси и за безбедноста на Израел

October 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за безбедноста на Израел, јавува Анадолу.

„Сега е познат факт дека САД ги користат терористичките организации во регионот за свои сопствени интереси и за безбедноста на Израел“, им рече Ердоган на новинарите во претседателскиот авион на враќање од Русија по Самитот на БРИКС.

Тој рече дека Туркије покренала иницијатива во рамките на Обединетите нации (ОН) за воведување сеопфатно ембарго за оружје врз Израел бидејќи интензивираните израелски напади врз Газа и Либан продолжуваат да одземаат стотици животи секој ден.

Ердоган нагласи дека расте бројот на земји што го поддржуваат повикот на Анкара за ембарго за оружје за Израел.

„Се надеваме дека ќе успееме во ова како ‘Сојуз на човештвото’ и ќе ја отвориме вратата за траен мир“, додаде тој.

За терористичкиот напад на ПКК врз седиштето на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во главниот град Анкара, во кој загинаа пет лица, а 22 се повредени, тој истакна дека Туркије продолжува со напорите за „целосно исушување на тероризмот на неговиот извор“.

По нападот, турската војска и разузнавачката агенција започнаа воздушни напади врз позиции на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак и во Сирија.

„Терористите се марионети. Наша цел е Туркије без тероризам“, рече Ердоган и додаде: „Нема да правиме компромиси за ова.“

„ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, е предодреден да биде напуштен, оставен изолиран“, додаде тој.

Терористичката организација што „ја експлоатира нестабилноста во Сирија ги троши своите напори барајќи заштита кај одредени западни земји“, додаде тој.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС

Следно

Избран нов Управен одбор во М-НАВ

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop