Ердоган призна пораз, турската опозиција ги доби најголемите градови

April 1, 2024
1 min read

Турската опозиција оствари голема победа на локалните избори загрижувајќи го претседателот Реџеп Таип Ердоган. Актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, од Републиканската народна партија однесе победа, а на власт остана и Мансур Јавас, градоначалникот на Анкара. Севкупно, опозициската Републиканска народна партија ги освои општините во 36 од 81 провинција во Турција, навлегувајќи во многу упоришта на АКП, односно Партијата на развојот на Ердоган. Таа освои 37 отсто од гласовите на национално ниво, во споредба со 36 отсто за АКП. Ова е најголема изборна победа на Републиканците откако Ердоган дојде на власт пред две децении. Тој пак, го призна поразот велејќи дека неговата партија претрпела губење на растот низ цела Турција.

„Ќе ја почитуваме одлуката на нашата нација. За жал, девет месеци по нашата победа на изборите на 28 мај, не можевме да го добиеме резултатот што го посакувавме на локалните избори. Ќе ги исправиме нашите грешки и недостатоци“, рече Ердоган.

Лидерот на турската опозиција, Екрем Имамоглу рече дека гласачите воспоставиле нов политички поредок во државата, а првиот човек на Републиканската народна партија, оцени дека гласачите одлучиле да ја сменат 22-годишната слика во Турција. Главното бојно поле беше Истанбул, град со 16 милиони жители.

„Почитувани граѓани, ја отворивте вратата за нова иднина. Турција ќе биде поинаква Турција. Дадовте можност да го направите првиот чекор кон Турција каде ќе цветаат демократијата, слободата, еднаквоста, рационалноста, науката, љубовта и солидарноста“, рече Имамоглу.

Околу 61 милион граѓани имаа право на глас, а повеќе од еден милион за првпат гласаа. Одзивот беше околу 76 отсто, наспроти 87 на изборите лани.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Суспендирана затворската казна за Имран Кан и неговата сопруга во случајот „Тошахана“

Следно

Костадиновски: Се сомневам дека син ми е мртов

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и
Go toTop