Ердоган пристигна во официјална посета на Ирак

April 22, 2024
1 min read

БАГДАД (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во официјална посета на Багдад, главниот град на Ирак, јавува Анадолу.

Ердоган на Меѓународниот аеродром во Багдад беше пречекан од ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани и други официјални претставници.

Во делегацијата предводена од Ердоган, меѓу другите, се министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за трговија Омер Болат, министерот за енергија и природни ресурси Алпарслан Бајрактар ​​и шефот на Директоратот за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун.

Ердоган во рамките на еднодневната посета во Багдад ќе се состане со претседателот Абдул Латиф Рашид и премиерот Мухамед Шија ал Судани.

Ердоган и Ал Судани ќе одржат заедничка прес-конференција, а предвидено е и потпишување на голем број договори меѓу двете земји.

Во рамките на посетата на Ирак турскиот претседател ќе го посети и Ербил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе евакуирани поради поплави во Кина

Следно

Уапсени тројца Германци под сомнение дека шпионирале во корист на Кина

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop