Ердоган: Пред Обединетите нации е голема обврска и одговорност

October 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека од витално значење за Советот за безбедност на Обединетите нации е да преземе и спроведе мерки пред актуелната ситуација на Блискиот Исток да се претвори во уште поразорна криза од големи размери, известува Анадолу.

Претседателот Ердоган упати порака по повод Денот на Обединетите нации, 24. октомври и 79-годишнината на Обединетите нации (ОН), како и честитки до генералниот секретар и до вработените во ОН.

Наведувајќи дека бројот на претставници на ОН кои ги загубија животите во Газа и во другите конфликтни зони достигна рекордно ниво, Ердоган продолжи со зборовите:

„За жал, во овие денови кога се напаѓаат мировните мисии, а нејзиниот генерален секретар е дури и прогласен за „персона нон грата“, организацијата тажно ја дочекува својата годишнина. Уништувањата предизвикани од конфликтите низ целиот свет, сѐ поголемата глад и сиромаштија, исламофобија, ксенофобија и расизмот коишто го опкружуваат светот, со секој изминат ден ја зголемуваат должноста и одговорноста на Обединетите нации. Правилното исполнување на оваа одговорност ќе биде можно само со обезбедување на соодветни услови во кои сите главни органи на Обединетите нации, вклучително и Советот за безбедност, ќе да ги извршуваат своите функции.“

Ердоган потсети дека на денешен ден пред 79 години се основани Обединетите нации, чиј еден од основачите е и Туркије, сѐ со цел да се заштитат идните генерации од војни.

„За жал“, рече турскиот претседател, „Советот за безбедност на ОН денес е немоќен пред развојот на настаните кои го газат и меѓународното право и човечкото достоинство.“

„Советот за безбедност, кој не може да преземе чекори за ставање крај на геноцидот во Газа, со таквиот став ги охрабрува сторителите и ја поткопува вербата во меѓународниот систем заснован врз правила. Сега е од витално значење за Советот за безбедност да ги преземе и спроведе мерките што ги бара меѓународното право пред актуелната ситуација на Блискиот Исток да се претвори во уште поразорна криза со големи размери“, порача Ердоган.

Тој подвлече дека Туркије е подготвена да ги поддржи сите напори за да се обезбедни Обединетите нации, кои ги смета за камен-темелник на мултилатерализмот, повторно станат надеж за човештвото и меѓународниот систем повторно стане ефикасен, ослободен од двојните стандарди, заснован врз принципите на правдата, еднаквоста и солидарноста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нема разидување во владеачката коалиција“, изјави Николоски

Следно

Николоски за изјавата на Мицкоски за Преспанскиот договор: Станавме нација која чита само наслови

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop