Ердоган повика на итна реформа на Советот за безбедност на ОН

April 5, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека поредокот од пет земји кој ја ограничува судбината на човештвото не е одржлив и повика на инклузивна и сеопфатна реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), јавува Анадолу.

„Моменталиот поредок, кој ја заробува судбината на човештвото меѓу усните на пет земји, не е одржлив. Постои итна потреба Советот за безбедност на ОН да се реформира со инклузивно и сеопфатно разбирање“, рече Ердоган на ифтарот со странските амбасадори и дипломати во Туркије.

Ердоган истакна дека неговата земја сега ги бере плодовите од својата претприемничка и хуманитарна надворешна политика, со бројни земји кои брзаат да ѝ помогнат на Туркије по разорните земјотреси што ја погодија на 6 февруари.

Коментирајќи ја војната на Русија против Украина, Ердоган изрази уверување во можноста за одржување праведен мир кој ќе им овозможи на двете страни да добијат чесен излез, а кои ќе го извлечат регионот од вителот во кој е вовлечен.

Тој, исто така, рече дека Туркије е свесна за играта на зборови, дипломатските и воените лукавства на терористичките групи и порача дека Туркије внимателно ги следи сите терористички закани.

Во врска со неодамнешните напади на светата книга на муслиманите, Куранот, во европските земји, Ердоган нагласи дека тоа е неприфатливо и порача дека станува збор за злосторство од омраза.

„Овие злосторства, кои не само што навредуваат речиси две милијарди муслимани, туку и ги доведуваат до бес, мора веднаш да прекинат“, рече турскиот претседател Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПЕЈЗАЖ ОД ЕМОЦИИ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА 19. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Следно

На британски министер одземена возачката дозвола на половина година поради пречекорување на брзината

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop