Ердоган повика израелските воени злосторства во Газа да бидат во центарот на вниманието на светската јавност

February 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије продолжува со интензивни активности израелските воени злосторства и злосторствата против човештвото во Појасот Газа да не останат неевидентирани и незабележани, јавува Анадолу.

Ердоган преку видеопорака им се обрати на учесниците на Петтото генерално собрание на младинскиот форум на Организацијата за исламска соработка и укажа на силните напори на Туркије да го привлече светското внимание на злосторствата на Израел за време на повеќе од четиримесечните напади врз Појасот Газа.

„Вложуваме интензивни напори за да се осигуриме дека израелските прекршувања на човековите права и воените злосторства не се прикриваат на меѓународната сцена“, нагласи Ердоган.

Нагласувајќи ја важноста на колективната дипломатска акција меѓу исламските земји како одговор на нападите на Израел врз Газа, Ердоган ја истакна клучната важност од континуирани дипломатски напори за поттикнување заеднички одговори и солидарност.

Во оваа пригода Ердоган, исто така, ја истакна посветеноста на Туркије да го поддржи формирањето независна, суверена палестинска држава признаена низ целиот свет со главен град Источен Ал Кудс (Ерусалим).

„Ќе ја продолжиме нашата борба додека не се воспостави независна, територијално интегрирана палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со Ал Кудс како главен град“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 7 октомври 27.947 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа

Следно

Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист

Latest from Blog

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна
Go toTop