Ердоган: Потребен е итен прекин на огнот, 96% од Газа, над 2 милиони луѓе, немаат храна и вода

November 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го повтори својот повик за итен и траен прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

„Уште еднаш, повикувам на итен и траен прекин на огнот поради хуманитарната катастрофа што се случува во Газа“, рече Ердоган во својот говор на Самитот на лидерите на Г-20 во Бразил.

Привлекувајќи внимание на хуманитарната криза во палестинската енклава која е под континуирани израелски напади, Ердоган рече дека 96 отсто од нејзиното население, „со други зборови, над 2 милиони луѓе немаат пристап до здрава храна и вода“.

Туркије ѝ обезбеди на Газа повеќе од 86.000 тони хуманитарна помош, рече турскиот претседател, додавајќи дека помошта на Анкара за Либан, пак, надминала 1.300 тони.

– Самит на лидери на Г-20 –

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денес го отвори Самитот на лидери на Г-20 во Рио де Жанеиро, предупредувајќи на растечките тензии и вооружените конфликти во светот, и покрена иницијатива за ставање крај на гладот ​​во светот.

Меѓународниот самит се одржува во период на растечки глобални тензии како руско-украинската војна и нападите на Израел врз Палестина.

Групата Г-20 ја сочинуваат 19 земји: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Кореја, Мексико, Саудиска Арабија, Јужноафриканската Република, Русија, Туркије, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД), и две регионални организации – Африканската Унија и Европската Унија.

Самитот на лидерите на Г-20 во Рио де Жанеиро се одржува денес и утре (18 и 19 ноември).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Е.Пелистер официјално го претстави Раул Алонсо

Следно

Курти: Со гранични премини на Блаце и Јажинце ќе се олеснув трговијата и протокот на граѓани меѓу Македонија и Косово

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop