Ердоган по локалните избори во Туркије: „Победник на изборите е нашата демократија“

April 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека без разлика на резултатите, победник на локалните избори во Туркије се демократијата и граѓанската волја, јавува Анадолу.

„Волјата на народот се манифестира на избирачките места, нацијата го изнесува својот глас на избирачките места и им пренесува порака на политичарите на гласачките места“, рече Ердоган во обраќањето пред граѓаните собрани во седиштето на АК Партијата во Анкара, по одржаните локални избори во земјата.

„Без оглед на резултатите, победник на овие избори е нашата демократија и граѓанската волја“, рече Ердоган.

Тој нагласи и дека изборите кои се одржаа на 31 март се пресвртница.

„31 март за нас не е крајот, туку всушност пресвртница. Денеска победија сите што гласаа за АК Партијата и Народната алијанса, како и сите други што го искористија своето демократско право“, додаде тој.

Нагласи дека волјата на граѓаните е најважна во демократските општества, додавајќи дека тие секогаш биле на страната на демократијата и на гласачките кутии.

„Денес постапуваме со истото чувство на одговорност и не признаваме никаква друга моќ над волјата на нацијата“, рече Ердоган, напоменувајќи дека пред Туркије се важни четири години.

„Дефинитивно ќе ги преземеме неопходните чекори со тоа што на најкоректен и најобјективен начин, врз основа на разумот и совеста, ќе ги оцениме пораките што народот ги даде на гласачките места“, рече Ердоган.

На крајот тој изрази желба резултатите од локалните избори да бидат од корист за државата и народот на Туркије.

Во Туркије денес се одржаа локални избори на кои гласачите избираа градоначалници на големите градови, градоначалници на општини и градски или обласни и општински совети. Гласачите ги избраа и најниските инстанци на локалната власт во Туркије, односно старешините или мухтарите и советите на старешините.

Нешто повеќе од 61 милион регистрирани гласачи ги бираа локалните власти за петгодишен мандат, на речиси 208.000 избирачки места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент во основно училиште во Ниш: Тројца ученици, учителка и наставничка се повредени откако на нив паднал видео бим

Следно

Синер го победи Димитров и го освои турнирот во Мајами

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop