Ердоган отпатува во САД на Самитот на НАТО: На дневен ред ќе ги ставиме масакрите на палестинскиот народ во Газа

July 9, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека на дневен ред на Самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон ќе го стави масакрот врз палестинскиот народ во Појасот Газа, каде што се тестира искреноста на заедничките вредности на Алијансата, јавува Анадолу.

Ердоган отпатува во Вашингтон на Самитот на лидерите на НАТО, кој се одржува по повод 75-годишнината од основањето на таа Алијанса, а на аеродромот „Есенбога“ во Анкара за новинарите изјави дека планира да одржи консултации со цел зајакнување на структурата на одвраќање и одбрана на НАТО и јакнење на средствата и способностите на сојузниците.

Тој додаде дека на Самитот ќе присуствуваат лидерите на Европската Унија, Австралија, Јужна Кореја, Јапонија, Нов Зеланд, Украина и други партнери од НАТО.

„Нашето очекување од Самитот е да се добијат резултати што ќе ја земат предвид националната безбедносна чувствителност на сојузниците и ќе ги зајакнат солидарноста и духот на единството. Во таа насока важно е да се спроведат одлуките што ги донесовме во Вилнус во однос на борбата против тероризмот и отстранување на бариерите за трговијата во одбранбената индустрија меѓу сојузниците. Исто така, ќе нагласиме дека напорите на НАТО мора да се зголемат во водењето одлучна и сеопфатна борба против терористичките организации“, рече Ердоган.

Нагласувајќи дека Туркије ги почитува и поддржува интегритетот и суверенитетот на Украина, Ердоган рече дека ќе продолжи да се залага за принципиелен став дека мирот може да се постигне со мирни средства и дека НАТО не треба да стане страна во војната.

„Од првиот ден тврдиме дека ќе нема губитници во праведен мир. За таа цел, од самиот почеток презедовме одговорност да обезбедиме прекин на огнот, го инициравме Истанбулскиот процес за да го отвориме патот за траен мир. Денот кога оружјето зборува, тече крв, а животите се губат покажува колку правилен став сме зазеле“, порача Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека масакрите извршени од израелските сили во блокираниот Појас Газа ќе ги стави на дневен ред на Самитот на НАТО во Вашингтон.

„Ќе нагласиме дека меѓународната заедница не направила доволно за да го запре Израел во оваа страшна ситуација и дека глобалната совест нема да може да здивне без воспоставување праведен и траен мир во Палестина“, рече Ердоган.

Ердоган рече и дека Туркије внимателно ги следи преговорите што се водат во Катар за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Трпеливо го следиме процесот. Нашиот шеф на разузнавањето и нашиот министер за надворешни работи го следат. Се надевам дека наскоро ќе го добиеме посакуваниот исход“, рече Ердоган.

Нагласувајќи дека Туркије ќе продолжи да ја зајакнува својата улога во НАТО, во која е меѓу првите пет членки по придонес во колективната безбедност, Ердоган рече дека се надева дека со новоизбраниот генерален секретар на НАТО, Марк Рут, ќе ја продолжи отворената и искрена соработка што ја имал и со шефот на Aлијансата во заминување, Јенс Столтенберг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови инциденти во северно Косово, запалени два камиона и патничко возило во Северна Митровица

Следно

АМСМ: На „Табановце“ се чека 30, а на „Богородица“ 15 минути

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop