Ердоган: Одлуката на Меѓународниот суд на правдата го одразува нашето мото дека светот е поголем од 5

January 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ја поздрави вчерашната пресуда на Меѓународниот суд на правдата (МСП) против Израел, наведувајќи дека таа ја одразува сликата дека „светот е поголем од 5“, што е негов слоган за механизмот на Советот за безбедост на ОН во кој 5 постојани членки имаат право на вето, блокирајќи го мнозинството иницијативи, известува Анадолу.

„Одлуката што вчера ја донесе Меѓународниот суд на правдата го одразува нашето мото дека светот е поголем од 5. Уште еднаш го повикуваме Израел да го послуша гласот на меѓународната заедница и институциите и веднаш да ги запре своите напади и масакри“, порача Ердоган на предизборниот собир во Измир.

Јужноафриканската Република на 29 декември поднесе пријава против Израел пред хашкиот МСП, обвинувајќи го Израел дека спроведува геноцид во Појасот Газа.

МСП вчера изрече привремени мерки, повикувајќи го Израел да престане со попречувањето на испораката на помошта во Газа и да ја подобри хуманитарната ситуација.

По пресудата, Ердоган ја поздрави привремената одлука на МСП, опишувајќи ги изречените привремени мерки за „вредни“.

„Ќе продолжиме да го следиме процесот за да бидеме сигурни дека воените злосторства извршени над недолжните палестински цивили нема да поминат неказнето“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крузерот „Icon of the Seas“ денеска го започнува своето прво патување од Мајами

Следно

Пицула за Европат: Инструментот за Украина е претставен пет месеци пред педлогот план за раст на Западен Балкан

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop