Ердоган: Од летото целосно ќе ја обезбедиме границата со Ирак, ќе ја завршиме работата во Сирија

March 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека турските сили од ова лето целосно ќе ги обезбедат своите граници со соседен Ирак и порача дека ќе ја завршат и незавршената работа во соседна Сирија, известува Анадолу.

Ердоган ја потврди одлучноста на земјата во борбата против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци во пограничните делови на двете соседни земји.

„Цел ни е на нашите деца да им овозможиме Туркије целосно ослободена од мрачните сенки на тероризмот и чиј пат и просперитет се светли,“, рече претседателот Ердоган на ифтарот со војниците во командата на 4. Корпус на Турските вооружени сили.

Турскиот претседател истакна и дека целта да има силна војска за Туркије повеќе е обврска отколку избор.

„Ние сме држава, нација, војска која секогаш мора да го држи одвраќањето на највисоко ниво“, порача Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Циклон на северот на Австралија, 700 луѓе останаа блокирани од остатокот од земјата

Следно

Блинкен изрази надеж за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас пред претстојната посета на Блискиот Исток

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop