Ердоган: Нема разлика меѓу постапките на Хитлер и израелскиот премиер Нетанјаху

December 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Нема разлика меѓу она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прави во повеќемесечните напади врз Газа и она што го направи нацистичкиот лидер Адолф Хитлер пред неколку децении, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

На церемонијата за доделување награди од областа на науката во главниот град Анкара, Ердоган праша: „По што вие [Нетанјаху] се разликувате од Хитлер? Овие [постапки] ќе нѐ натераат да го бараме и Хитлер. Има ли нешто што Нетанјаху го прави помалку од Хитлер? Нема.“

Исто како и пред 80 години во нацистичка Германија, Ердоган рече дека денес научниците низ светот што имаат храброст да ги осудат угнетувањето и прогонот во Газа се соочуваат со притисок и закани, мислејќи на научната фела во Соединетите Американски Држави и на други места, кои се отпуштени или цензурирани затоа што се на страната на Палестинците.

За научниците што се соочуваат со притисок за одбраната на човечкото достоинство во Газа, вратите на турските универзитети се отворени за нив, нагласи турскиот претседател.

„Сфативме дека институциите што се фалат и трошат големи буџети целосно се неискрени кога станува збор за Израел и неговите злосторства“, рече Ердоган.

„Од Советот за безбедност на Обединетите нации до организациите за печат, од ЕУ до новинарските групи, сите институции што служат како апостоли на демократијата не успеаја [во врска со израелските напади врз Газа]“, рече тој.

Не само меѓународните организации, туку и престижните западни универзитети потфрлија по прашањето на Газа, нагласи Ердоган.

Израел започна голема воена кампања врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври, во која, според здравствените власти во Газа, досега се загинати најмалку 21.110 Палестинци, главно, жени и деца, а повредени се 55.243.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена и речиси 2 милиона луѓе раселени поради сериозниот недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Анти-награди на 2023

Следно

Приватниот сектор во Газа претрпи загуба од околу 1,5 милијарди долари во првите два месеца од израелската војна

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop