Ердоган назначи поранешен војник и шеф на разузнавањето за нов министер за надворешни работи

June 4, 2023
2 mins read

Хакан Фидан беше шеф на Националната разузнавачка организација (МИТ) на Турција уште од 2010 година. Претходно, бил советник на Ердоган во неговиот премиерски кабинет

Старо-новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера положи заклетва на стартот на својот трет мандат како претседател на Турција. Светските медиуми сега ги анализираат луѓето кои Ердоган ги одбра за да ги водат владините ресори.

„Преживеаа“ само двајца од стариот кабинет

Од вкупно 18 члена на кабинетот на Ердоган, бројка што го вклучува и заменик-претседателот, дури 16 имиња се нови за позициите. Тоа значи дека само две имиња од претходниот кабинет на Ердоган ја добиле довербата да продолжат да си ја вршат функцијата.

Тие двајца се министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој и министерот за здравство, Фахретин Коча.

Разузнувач на местото на Чавишоглу

Хакан Фидан е името и презимето на новиот министер за надворешни работи на Турција. Тој доаѓа на местото на Мевлут Чавишоглу. Фидан зад себе има воена и разузнавачка кариера. Од 2010 година тој е шеф на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ).

Агенцијата, по струкутура, му одговара на претседателот на државата и има широко поле на дејствување, односно „собирање информации од национален интерес“ и во земјата и во странство. Во времето на Хакан Фидан како нејзин шеф, се знае дека МИТ во одреден момент прислушувала околу 2 500 луѓе надвор од земјата, дека учествувала во бројни операции против организијата која Турција ја смета за терористичка – ФЕТО, дека посредувала во размена на затвореници меѓу САД и Русија и друго.

Хакан Фидан во својот кабинет како шеф на МИТ.

Според британски Гардијан, одлуката разузнавачот Хакан Фидан да биде именуван за министер за надворешни работи на местото на дипломатот од кариера Мевлут Чавишоглу, може да значи промена во стилот и начиниот на водење на надворешната политика на Турција.

Меѓу последните активности на Фидан како разузнавач е неодамнешна средба во Москва со неговите руски, ирански и сиријски колеги, во врска со војната во Сирија.

„Тој е чуварот на моите тајни, тој е чуварот на државните тајни“,

има изјавено Ердоган за Фидан во една прилика.

Почитуван банкар за министер за финансии

Новиот министер за финансии на Турција е Мехмет Шимшек. Станува збор за поранешен банкар со високо меѓународно реноме. Шимшек бил особено почитуван од инвеститорите, пишува Ал Џезеира, кога ја извршувал функцијата министер за финансии од 2009 до 2015 година и потоа како вицепремиер за економија до 2018 година, кога си дава оставка поради серијата падови на вредноста на турската лира.

Неговото именување може да значи напуштање на неортодоксните економски политики на Ердоган во последните неколку години, што на пример вклучуваше задржуање на ниските каматни стапки и покрај високата инфлација и значителната државна контрола на пазарите.

Познато е дека Шимшек беше противник на таквите политики на Ердоган. Турција се бори со економска криза веќе подолго време, во која инфлацијата достигна 85% во октомври 2022 година, пред да се спушти на 44% во мај. Од почетокот на годината, турската лира има загубено 10% од нејзината вредност во споредба со доларот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Големи нереди во источна Германија: Судири меѓу левичарите и полицијата

Следно

Бензема заминува од Реал Марид

Latest from Blog

Нови средства за зелени проекти – Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и подршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), информираат од Министерството

Поднесено обвинение за бесправна градба во Скопје – хотел изграден без дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 60-годишник, во текот

Да помогнеме македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава, се бараат дизајнери, волонтери и донации

Група информатичари и волонтери ги вложуваат сите свои знаења и капацитети да го подготват македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава и да стане автентичен и препознатливо самостоен јазик кој ќе си

Поранешниот претседател Иванов на 10-от глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН во Португалија

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествувал на 10-тиот Глобален форум на Алијансата за цивилизации на ОН – УНАОК на тема „Обединети во мир: враќање на довербата, преобликување на иднината – Рефлексија на две
Go toTop