Ердоган: Меѓународната заедница има голема одговорност за воспоставување итен прекин на огнот во Газа

August 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Меѓународната заедница има голема одговорност да воспостави итен прекин на огнот во Газа и да достави хуманитарна помош во регионот што е можно поскоро, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Изјавите на Ердоган дојдоа за време на трилатералниот самит во Истанбул со италијанската премиерка Џорџа Мелони и премиерот на либиската Влада на национално единство, Абдул Хамид Дбејбе, соопшти Директоратот за комуникации на Турција на X.

Нагласувајќи ја агресијата на Израел и хуманитарната трагедија во Газа, Ердоган рече дека единственото трајно решение е воспоставување суверена, независна и географски интегрирана држава Палестина со Источен Ерусалим како главен град, врз основа на границите од 1967 година.

На самитот е дискутирано и за соработката меѓу земјите, како и за регионалните прашања, се наведува од Директоратот.

Турскиот претседател ја истакна важноста на соработката меѓу трите земји во справувањето со предизвиците со кои се соочува регионот на Медитеранот, вклучително и движењата на нерегуларната миграција.

Тој додаде дека се потребни долгорочни и одржливи решенија, како и мултилатерална координација, со цел да се искорени изворот на нерегуларната миграција.

За време на самитот одлучено е лидерите да се состанат за да ги разгледаат одлуките донесени по заседавањето на комисиите за соработка, се наведува понатаму.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, во којашто убиени се над 60.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Историската куќа на Агата Кристи во Багдад во опасност од уривање

Следно

Охрид во претпразнично расположение

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop