Ердоган ја поздрави одлуката на МСП за Израел

January 26, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за привремени мерки за случајот за геноцид против Израел, опишувајќи ги мерките како „вредни“, пренесува Анадолу.

„Сметам дека привремената наредба донесена од Меѓународниот суд на правдата во врска со нехуманите напади во Газа е вредна и ја поздравувам.“

„Ќе продолжиме да го следиме процесот за да се осигуриме дека воените злосторства извршени врз невините палестински цивили нема да останат неказнети“, рече Ердоган на социјалната платформа X.

Неговите забелешки дојдоа откако МСП му нареди на Израел „да ги преземе сите мерки во негова моќ“ за да спречи понатамошно крвопролевање во Газа во согласност со обврските од Конвенцијата за геноцид. Судот повика и на итно ослободување на сите заложници.

„Се надеваме дека оваа одлука, која е обврзувачка за земјите членки на Конвенцијата за геноцид, ќе доведе до крај на недискриминирачките напади на Израел врз жените, децата и постарите лица“, додаде Ердоган.

Туркије ќе продолжи да работи со сите сили за прекин на огнот, постојан мир и ќе застане со Палестинците“, нагласи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид

Следно

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија, се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop