Ердоган: Извозот на Туркије во 2023 година достигна историски максимум од 255,8 милијарди долари

January 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Извозот на Туркије во 2023 година достигна рекордно високо ниво од 255,8 милијарди долари, што е зголемување за 0,6 отсто во однос на претходната година, објави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Бројката ја надмина целта на нашата среднорочна програма од 255 милијарди долари“, истакна Ердоган на собир во Истанбул во врска со прелиминарните податоци за надворешната трговија.

„Соодносот на покриеност на извозот и увозот се зголеми за 0,8 процентни поени во однос на претходната 2022 година достигнувајќи 70,7 отсто во 2023 година“, нагласи Ердоган.

Тој рече дека надворешниот трговски дефицит на земјата се намалил за 3,2 отсто во 2023 година во однос на претходната.

„Освен во јули, нашиот трговски јаз на годишно ниво се намалуваше во последните 7 месеци од 2023 година“, изјави турскиот претседател.

Посочи дека Туркије има за цел да го зголеми извозот на стоки и услуги во 2024 година на над 375 милијарди долари и додаде: „Туркије има повеќе од доволно моќ да ја постигне оваа цел.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешка сообраќајка во Охрид на првиот ден од годината, осум лица повредени

Следно

Грција: Двајца полски државјани приведени поради снимање во воена зона

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop