Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките

April 1, 2024
1 min read

Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција.

АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од 61 милион гласачи во Турција го добија правото на глас.

Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро.

– Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови. Ќе работиме со градоначалниците кои победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси, истакна тој.

Тој нагласи дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.

-Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата, рече Ердоган.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија го либерализира пазарот на канабис

Следно

Политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop