Ердоган има предност, но резултатите од трите најголеми градови може да направат промена во исходот

May 14, 2023
1 min read

Резултатите од трите најголеми градови во Турција – Истанбул, Анкара и Измир може да го променат резултатот на изборите. Досега од обработени околу 60% од гласовите, Реџеп Тајип Ердоган е во водство, но гласовите од големите градови се уште не се целосно избројани.

Истанбул има население од 16 милиони жители, додека пак Анкара, заедно со Измир имаат 10 милиони, а во сите три градови само една половина од гласовите се пребројани. Во Измир и Истанбул барем засега води Кемал Киличдароглу, додека пак тесно водство во Анкара има Ердоган.

Инаку, Измир важи за еден од бастионите на опозициската партија, а градоначалникот на Анкара рече дека опозицискиот кандидат ќе победи кога ќе пристигнат гласовите од големите градови.

Според информациите од преработените 60% од гласовите, Ердоган има 50,76% додека пак Киличдароглу 43.43%. Оган има 5,31% додека пак Инче кој вчера се повлече има 0,5% од гласовите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Десничарските екстремисти протестираа во Париз

Следно

Ердоган падна под 50%, ќе има втор круг на претседателските избори во Турција?

Latest from Blog

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop