Ердоган и Зеленски на средба во Анкара

May 15, 2025
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Владимир Зеленски ја започнаа својата средба во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара денес, јавува Анадолу.

Ердоган го пречека Зеленски на влезот во Претседателскиот комплекс.

На состанокот зад затворени врати присуствуваат и министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, шефот на Националната разузнавачка организација Ибрахим Калин и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.

По билатералните разговори меѓу Ердоган и Зеленски, делегациите ќе продолжат на работен ручек.

Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара денес на средба со Ердоган пред очекуваните мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Авионот во кој се наоѓаше Зеленски слета на аеродромот Есенбога во Анкара во 12:14 часот.

Зеленски на аеродромот беше пречекан од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и официјални претставници кои дојдоа во Турција на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во јужниот турски град Анталија.

Шефот на Директоратот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на социјалната мрежа Х истакна дека се очекува Ердоган и Зеленски да разговараат за најновите случувања во тековната војна меѓу Русија и Украина, осврнувајќи се на ситуацијата од сите агли.

„За време на посетата, се очекува Ердоган да го нагласи и повикот на Турција за итен прекин на огнот и почеток на мировните преговори“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дизелот драстично поскапува – нови цени на горивата од полноќ

Следно

Меџити: Сите министерски позиции кои што ги има Алијанса за Албанците од крилото на Таравари ќе останат на Вреди

Latest from Blog

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop