Ердоган и Ал Тани разговараа за израелските напади врз Палестина и заканите за Либан

July 4, 2024
1 min read

АСТАНА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска разговараше со катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани за израелските напади врз Палестина, израелските закани за Либан, турско-катарските односи и други регионални и глобални теми, јавува Анадолу.

Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије соопшти дека Ердоган и Ал Тани се состанале во Астана на маргините на 24. Самит на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (ШОС).

Во соопштението се наведува дека турскиот претседател Ердоган предупредил на опасноста од ширење на израелските напади во регионот и порачал дека меѓународната заедница, особено исламскиот свет, треба веднаш да преземе чекори и да работи заедно за да го запре Израел.

Ердоган, исто така, рече дека е важно да се зголемат напорите за решавање на хуманитарната криза во Појасот Газа и за непречена испорака на помош во регионот.

Тој рече дека Република Туркије продолжува да ги зголемува своите напори на овој план.

Дводневниот самит на ШОС почна вчера во главниот град на Казахстан, каде Белорусија беше примена како десетта полноправна членка на организацијата.

Белорусија стана партнер за дијалог во ШОС во 2010 година, а статус на набљудувач доби во 2015 година.

Организацијата е основана во 2001 година во Шангај. На почетокот, собра шест земји, и тоа Русија, Казахстан, Киргистан, Кина, Таџикистан и Узбекистан. Индија и Пакистан се приклучија во 2017 година и Иран во 2023 година.

Авганистан и Монголија имаат статус на земји набљудувачи, а партнери во дијалогот се уште 14 земји, меѓу кои и Република Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Израелскиот министер за одбрана: Договорот за размена на заробеници поблизок од кога било

Следно

ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта 12 години работи со блокирана сметка

Latest from Blog

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до
Go toTop