Ердоган: Газа им припаѓа на Палестинците исто како Западниот Брег и Источен Ерусалим

April 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Појасот Газа им припаѓа на Палестинците, исто како и Западниот Брег и Источен Ерусалим, јавува Анадолу.

„Исто како и Источен Ерусалим и Западниот Брег, Газа им припаѓа на Палестинците. Со Божја волја, нашите браќа и сестри во Газа ќе продолжат да живеат засекогаш на земјата каде што се родени“, рече Ердоган во обраќањето по состанокот на Кабинетот во главниот град Анкара.

Осврнувајќи се на злосторствата на Израел во Газа, Ердоган нагласи дека ништо не може да се постигне во Газа преку тековното крвопролевање од страна на Израел и прекинувањето на испораката на храна и медицинска помош.

„Сега мора да се признае дека не може да се стигне до ниту едно место во Газа со понатамошно пролевање крв, убивање повеќе деца и оставање на луѓето гладни, жедни и без лекови“, рече тој.

Во однос на неодамнешните тензии помеѓу Индија и Пакистан, турскиот претседател истакна дека Туркије сака нивна деескалација „што е можно поскоро, пред ситуацијата да стане посериозна“.

„Како Туркије, во секоја прилика потенцираме дека не сакаме нови конфликти во нашиот регион и пошироко“, заклучи турскиот претседател.

Тој на крајот изрази сочувство за Иранците кои загинаа во експлозијата на пристаништето во близина на градот Бандар Абас, во јужен Иран, во која животот го загубија најмалку 40 лица, а над 1.000 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ливерпул го објави датумот на шампионската парада, се очекуваат над милион навивачи

Следно

Ќе има ли предвремени парламентарни избори заедно со локалните на есен или во друг термин?

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop