Ердоган: Анкара ќе продолжи со притисокот врз Израел преку трговијата, дипломатијата сѐ додека не запре масакрот во Газа

May 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Анкара ќе продолжи да врши притисок врз Израел преку трговијата и дипломатијата додека администрацијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не престане со масакрот во Појасот Газа, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

На состанокот на Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК) во Истанбул, Ердоган говореше за она што се случува во Газа од 7 октомври 2023 година.

„Ги одржуваме нашите канали за комуникација отворени во нашата бизнис заедница во процесот на имплементација на нашата одлука за суспендирање на комерцијалните зделки за да го принудиме Израел, кој уби 36.000 невини луѓе во Газа, на прекин на огнот“, рече тој.

„Анкара ќе продолжи да врши притисок врз Израел преку трговијата, (и) дипломатијата додека администрацијата на Нетанјаху не стави крај на масакрите во Газа“, нагласи тој.

Вчера, Меѓународнот суд на правдата (МСП) ги потврди своите претходни наредби и одреди дополнителни мерки, вклучително и одржување на граничниот премин Рафа отворен и дозвола за пристап на истражителите до блокираната енклава.

Над 35.900 Палестинци се загинати во Газа, од кои огромно мнозинство жени и деца, а речиси 80.300 се повредени во нападите кои почнаа од октомври, по нападот на Хамас.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, каде постои блокада на храна, чиста вода и лекови.

Турскиот претседател се осврна и на економските цели и достигнувања на земјата.

„Како историско достигнување за Туркије, извозот надмина 255 милијарди долари, достигнувајќи рекордни 257,6 милијарди долари заклучно со април“, рече тој.

„Со стапка на раст од 4,5 отсто, Туркије е на прво место во Европа, на второ место во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и на четврто во групата Г-20“, нагласи тој.

Посочувајќи ги целите на економската програма на Анкара, турскиот претседател рече дека економскиот приоритет на Туркије е да ја намали инфлацијата на едноцифрен број за трајно олеснување, со фокус на долгорочната стабилност за унапредување на благосостојбата на нацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 35.903

Следно

Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop