Ентони: Не ми е гајле колку пари дадоа за мене, знам колку вредам

April 29, 2024
1 min read

Бразилскиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Ентони изјави дека критиките само ги подгреваат неговите амбиции да се докаже во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот играч на Ајакс е речиси постојано критикуван за неговите игри откако пристигна на „Олд Трафорд“ пред речиси две години од холандскиот гигант. Во саботата, сепак, тој постигна еден од неговите ретки голови во сезоната во ремито 1:1 со Барнли. Голот беше прв за него оваа сезона во Премиер лигата.

-Годината е многу тешка и за мене и за целиот тим бидејќи нашите резултати не се онакви какви што очекувавме. Јас сум еден од оние луѓе кои прифаќаат критики. Тоа ме тера да работам на моите слабости. Мислам дека сите во тимот сме фокусирани да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин, изјави 24-годишниот Бразилец.

И покрај неубедливата сезона, Манчестер Јунајтед може да освои трофеј доколку го победи Манчестер Сити во финалето на ФА Купот. Дури и тоа, сепак, можеби нема да биде доволно менаџерот Ерик тен Хаг да го задржи своето место во клубот, особено по доаѓањето на компанијата „Инеос“ како сопственик на „црвените ѓаволи“.

Сер Џим Ретклиф, кој е на чело на компанијата, веќе навести дека нема да се прават повеќе трансфери како оној на Ентони, за кого беа платени нешто повеќе од 80 милиони фунти на Ајакс во 2022 година.

-Сумата што беше платена не ми влијае. Знам колку вредам. Парите се пари и сите зборуваат за тоа, но доколку сите во тимот, вклучително и јас, настапувавме на највисоко ниво, никој нема да обрнува внимание. Тоа е причина да работам уште повеќе бидејќи знам дека можам да бидам подобар. Свесен сум колку вредам. Ќе продолжам да работам и да давам се од себе за тимот. Важно е да го имате тој став и да бидете фокусирани. Ни претстои финале, кое сакаме да го добиеме, но мора да одиграме подобро. Ни остануваат уште пет натпревари и мораме да бидеме подобри на секој нареден натпревар за да можеме да дојдеме до трофејот што го посакуваме, заврши Ентони.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Проповед за Газа

Следно

Раните знаци на аутизам може да се откријат и пред тригодишна возраст

Latest from Blog

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери
Go toTop