Енигма: Заменик-министерот за култура од Алтернатива не е на списокот на Ковачевски за разрешување – од Владата не кажуваат зошто 

February 13, 2023
2 mins read

„Премиерот ќе образложи во Собранието“, е одговорот што го добивме од Владата на нашето прашање зошто заменик-министерот Даим Лучи, кој е избран на предлог на Алтернатива, не е на листата за смена, со оглед на тоа што Ковачевски предложи разрешување на тројцата министри и двајцата заменик-министри од редовите на партијата на Африм Гаши

Дали отсуството на предлог за разрешување на Лучи може да се смета како индикација дека тој е кадровско решение на пратеникот Скендер Реџепи Зејд, кој на 11 јуни минатата година ја напушти Алтернатива и оттогаш во законодавниот дом дејствува како независен пратеник? И дали ова значи дека Реџепи Зејд денеска ќе гласа „за“ предложената реконструкција на Владата? Овие прашање се обидовме да му ги поставиме лично на пратеникот Скендер Реџепи, но, и покрај нашите телефонски повици и пораки преку мобилните апликации, тој остана недостапен за коментар

автори: Бранислав Закев и Катерина Спасовска-Трпковска

Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата и на денешната седница тој ќе се најде пред пратениците.

Во предлогот до Собранието за реконструкција на Владата се предвидуваат промени на четири министерски и пет заменик-министерски позиции. Најголеми „губитници“ на министерските и заменик-министерските места се довчерашните партнери во Владата, Алтернатива, која ги губи двата ресора што ги раководеше досега – Министерството за здравство и Министерството за информатичко општество и администрација.

Премиерот Димитар Ковачевски, освен за министерските места, до Собранието поднесе предлог за разрешување и на тројца заменик-министри, од кои двајца се од Алтернатива. Станува збор за смена на досегашните заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу.

Но, на листата за смена не се најде и актуелниот заменик-министер за култура Даим Лучи, кој исто така е од Алтернатива.

Заменик-министерот за култура Даим Лучи/Фото: Министерство за култура

Тој е избран за заменик-министер во Владата на Република Северна Македонија на 11 февруари 2022 година, кога на оваа позиција се назначени и другите негови колеги од партијата во рамките на тогашната реконструкција на Владата, односно со влегувањето на Алтернатива во владејачкото мнозинство.

Лучи на политичката сцена во С Македонија се појавува во 2014 година како еден од основачите на политичката партија Движење Беса како претседател на Младинскиот форум на партијата. Со поделбата на Беса на два политички субјекта во 2018 година, Лучи е основач на новата партија Алтернатива, каде што исто така една година ја извршува функцијата претседател на Младинскиот форум.

Како што може да се прочита од неговата биографија на официјалната интернет-страница на Министерството за култура, тој има 32 години. Роден е во Скопје, а дипломирал политички студии на Државниот универзитет во Тетово во 2014 година, што се совпаѓа со почетокот на неговиот политички ангажман. Постдипломски студии по дипломатија завршил на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Зошто Лучи не е на списокот на заменик-министри што премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието за разрешување од функциите е енигма.

Предлогот за разрешување заменици-министри доставен од Владата до Собранието каде што го нема името на заменик-министерот за култура Даим Лучи/Фото: Принтскрин

Одговор на прашањето „360 степени“ побара од Владата, а оттаму кусо ни рекоа:

„Премиерот ќе образложи во Собранието“.

Дали отсуството на предлог за разрешување на Лучи може да се смета како индикација дека тој е кадровско решение на пратеникот Скендер Реџепи Зејд, кој на 11 јуни минатата година ја напушти Алтернатива и оттогаш во законодавниот дом дејствува како независен пратеник? И дали ова значи дека Реџепи денеска ќе гласа „за“ предложената реконструкција на Владата? Овие прашање се обидовме да му ги поставиме лично на пратеникот Скендер Реџепи, но, и покрај нашите телефонски повици и пораки преку мобилните апликации, тој остана недостапен за изјава и коментар.

Инаку, Реџепи Зејд беше актуелен во јавноста при обидот за гласање недоверба на Владата во ноември 2021 година инициран од ВМРО-ДПМНЕ по победата на локалните избори. Тогаш Алтернатива сè уште не беше дел од владиното мнозинство, што ќе се случи само три месеци подоцна. Реџепи Зејд тогаш излезе во јавноста со изјава дека се залага за уривање на власта, но не и по цена неговиот потпис да стои заедно со потписите на двајцата пратеници на Левица.

„360 степени“ се обиде да стапи во контакт и со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за да го праша за коментар за случајот со Даим Лучи, но и од него не добивме одговор.

По вчерашниот состанок на Централното собрание на Алтернатива, кога и официјално соопшти дека партијата ја напушта владината коалиција, Гаши зборуваше во името на тројца пратеници на Алтернатива во Собранието, не споменувајќи го Скендер Реџепи Зејд.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Елмас и соиграчите израдуваа 10 годишно детенце кое се мајтапеше со Интер: Ладно е надвор, минус 13! (ФОТО)

Следно

ВИДЕО КОЈА ЈА ОПИШУВА СЕТА БОЛКА ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА: Деца поминаа 45 часа под урнатините покрај нивната мртва МАЈКА – претажно

Latest from Blog

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, присуствуваше на првата средба на работна група за подготовка на првиот закон за безбедност на информациско-комуникациски системи или попознат како закон за сајбер безбедност. Министерот појасни

Таравари: „Албанскиот јазик не е еднаков со македонскиот, наша цел треба да биде повлекувањето на 20%“

Никој не се охрабрува да го повлече Законот за употреба на јазиците бидејќи „ВРЕДИ“ е гаранција дека Албанскиот јазик ќе се употребува како што се употребувало досега во институциите и регионите каде

Меѓународна изложба во МСУ – „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“

Годинашната разнообразна уметничка и изложбена програма на Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде заокружена со уште една импозантна меѓународна изложба, која ќе биде отворена на 5 декември, во 20 часот. Во поставката „Војна

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година не беа прифатени 10 амандмани од пратениците од СДСМ и Левица. Министерството за финансии не прифати шест амандмани од СДСМ

Јованчев: Општина Кавадарци започнува со гасификација, средства обезбедени за проектот 

На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, го изнесе својот став во врска со поднесените амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година,
Go toTop