Енергетската сиромаштија добива јасни критериуми за препознавање и заштита

September 18, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека во земјава првпат се воведува методологија за енергетска сиромаштија, која ќе овозможи полесно препознавање на ранливите домаќинства и креирање мерки за нивна заштита.

„Добивме позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската Заедница за драфт-верзијата на методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Потврдено е дека документот е во согласност со европските стандарди и обврските од Директивата на ЕУ, која ги задолжува земјите да воспостават и објават критериуми за утврдување на енергетската сиромаштија,“ информираат од Министерството.

Методологијата ќе им даде на институциите јасна слика за обемот и структурата на енергетската сиромаштија и ќе биде основа за политики насочени кон домаќинствата кои најмногу се соочуваат со проблеми при обезбедување енергија. Дополнително, ќе придонесе за целосно усогласување со европските стандарди.

 

Од ресорот најавуваат и дека веќе се подготвува годишна програма за заштита на ранливите потрошувачи, во која методологијата ќе има клучна улога за дефинирање на приоритетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: ДУИ се здружи со најалбанофобната партија – Левица

Следно

Одржливо и еколошки одговорно рударство – македонската делегација во посета на „Ада Тепе“ во Бугарија

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop