Елон Маск: „Старлинк“ ќе го поддржи поврзувањето на меѓународните организации за помош во Газа

October 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Eлон Маск објави дека „Старлинк“, систем на сателитски интернет чиј е сопственик, ќе обезбедува услуги за поврзување на меѓународно признатите хуманитарни организации во Газа, јавува Анадолу.

„Не е јасно кој има овластување за врските во Газа, но знаеме ли дека ниту еден терминал не побара поврзување во тоа подрачје“, напиша Маск на X.

Откако Израел целосно ги прекина услугите на фиксната, мобилната телефонија и интернетот во блокираниот Појас Газа, стотици корисници на платформата за социјални медиуми Х побараа да се стави во функција сателитскиот систем „Старлинк“ за координирање на хуманитарната помош.

„Со прекинот на комуникациите во Газа, нашата помош во храна, која спасува луѓе, сопре. Не можеме да стигнеме до нашите вработени, партнерите или луѓето кои ни веруваат. Итно ни е потребен одржлив пристап и оперативна способност за хуманитарната помош. Секоја минута е важна“, рече извршната директорка на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН) Синди Мекејн.

Бројот на палестински жртви во израелските напади врз Појасот Газа, кои траат од 7 октомври, порасна на 7.703, објави денес Министерството за здравство во Газа.

Меѓу загинатите 3.595 се деца.

Околу 2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг од храна, вода и лекови поради масовното израелско воздушно бомбардирање и целосната блокада на енклавата.

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) синоќа усвои резолуција со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Медиумска (не)писменост: Пионерски обиди да се одлепиме од европското дно

Следно

Повлечена иницијативата пред Врховен во врска со прашањето за помилувањата

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop