Екстремен студ ги погоди Финска и Шведска, температурите достигнале рекордни минус 40 степени

January 2, 2024
1 min read

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт објави температури од минус 30 Целзиусови степени на повеќе локации во северна Шведска, а издадено е предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска

Финска и Шведска утрово ги забележале своите најниски температури оваа зима. Студот кој го зафатил нордискиот регион ги симнал температурите, а термометрите паднале на минус 40 степени Целзиусови.

Студот и снегот го попречиле транспортот низ целиот регион, вклучително и во Норвешка каде главниот автопат на југ бил затворен поради временските услови, а линиите на траектите ја прекинале работата.

Фото: EPA-EFE/TOR ERIK SCHRODER NORWAY OUT

Железничките оператори соопштиле дека студениот бран предизвикал значителни проблеми во железничкиот сообраќај на северот на Арктикот.

Во Никалуокта, мало село во северна Шведска, утрово била забележа температура од минус 41,6 степени Целзиусови, објавил шведскиот јавен радиодифузен сервис.

„Ова е најстудената температура што ја имавме досега оваа зима, и ќе продолжи да биде прилично студено време на север“,

рече метеорологот на СВТ Нилс Холмквист.

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт објави температури од минус 30 Целзиусови степени на повеќе локации во северна Шведска, а издадено е предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска.

Во Финска, студениот рекорд за оваа зима е забележан во северозападниот град Иливиеска, каде температурите паднале на минус 37,8 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, во текот на неделата во одредени делови на Данска се очекува температурите да бидат пониски од минус 40 Целзиусови.

Температурите во главниот град на Финска, Хелсинки, се очекуваа да се движат помеѓу минус 15 и минус 20 Целзиусови степени.

Во јужниот норвешки град Арендал, властите рекоа дека училиштата утре ќе бидат затворени, бидејќи не е можно да се расчистат тротоарите навреме за децата да стигнат до училиште.

Неколку фериботски компании низ регионот ги откажале премините, вклучително и оние од јужна Норвешка до Данска, каде клучниот мост беше затворен за возила со лесни приколки поради силните ветрови, соопштиле данските власти.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дрин Ахмети легално купил петарди, кои инаку се забранети за продажба во Македонија

Следно

На прагот на мајските избори – политичките партии се уште без кандидати за претседател

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски во посета на општина Јегуновце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја Општина Јегуновце. Тој, во рамки на посетата, ќе изврши увид во градежни активности на градинка во населено место Вратница. Како што најави владината прес-служба, премиерот Мицкоски

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку
Go toTop