Експлозии во Киев, издадена воздушна тревога низ целата земја

December 29, 2023
1 min read

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко пишува дека од експлозиите има повредени лица кои се хоспитализирани

Експлозии се регистрирани утрово во главниот град на Украина, Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Експлозии во Киев. Противвоздушната одбрана е во функција. Останете во засолништа“,

објави Кличко на Телеграм.

Кличко пишува дека од експлозиите има повредни лица кои се хоспитализирани.

„Од експлозијата е оштетена зградата на метро станицата ‘Лукјанивска’ која служи како засолниште. Возовите поминуваат покрај неа без застанување“,

додава Кличко.

Системот за известување е издаден веднаш по 5 часот, откако руски проектили погодиле цели во неколку други градови. 

Како што пишуваат на Телеграм градоначалниците на Харков и Лавов, од руски напади погодени се североисточниот украински град Харков и Лавов на западниот дел на земјата.

Градоначалникот на Харков пријавил „масовен ракетен напад“ врз градот, додека неговиот колега во Лавов пријавил два напада.

Засега нема информации за жртви.

Исто така, има извештаи за напади на руски беспилотни летала во пристанишниот град Одеса.

Регионалната воена администрација на Харков соопшти дека Русија „извршила околу 10 напади врз градот“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Усвоен Буџетот на Општина Центар за 2024 година

Следно

Додека е Скопје обвиено со магла на Водно “пука“ сонце

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop