Експерти за криминалистички вештачења од Скопје ќе ги утврдуваат причините за пожарот во кумановскиот суд

July 11, 2023
1 min read

Ги активиравме сите служби и веќе заминаа началници и раководители од Одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот, вели министерот за внатрешни работи

ФОТО: „360 степени“

Експерти за криминалистички и технички испитувања и вештачења ќе ги испитуваат причините за пожарот што изби во подрумските простории на Основниот суд во Куманово, а во кој е сместена дел од архивата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на Центарот за обука во Идризово.

Според Спасовски, сè уште не може да се каже што се е зафатено од пожарот, затоа што, како што рече, противпожарните екипи сè уште се на терен и работат на негово локализирање.

„Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од Одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот“,

рече Спасовски.

Пожарот во судот во Куманово, како што информираа од регионалниот Центар за управување со кризи, избувнал час и половина по полноќ, а во гаснењето учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Претседателката на судот Снежана Манева, утрово во изјава за „360 степени“, вели дека проблемот е сериозен и дека пожарот сè уште не е изгаснат. Претпоставките се дека причината за огнот, најверојатно, е проблем со струјата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Живееме во цртан филм

Следно

Урбаното насилство Франција ја чинеше околу 650 милиони евра

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop