Експерти: Тешко до консензус за бирање претседател во Собранието

February 22, 2024
1 min read

Експертите сметаат дека е тешко да се постигне консензус за уставни измени преку кои претседател на државата би се избирал во Собранието. Професорот по уставно право, Мерсим Максути, вели дека ДУИ веќе 22 години не може да предложи амандман ни за албанскиот јазик, иако уставот беше отворан неколку пати. Максути додава дека за промена претседателот да биде биран во Собранието и да се додаде позиција заменик-претседател, прво мора да има консензус кај Албанците. Мора да има консензус и кај партиите од македонскиот политички блок. Но, според него, тоа тешко може да се постигне.

„Тоа е мисија и кауза која не е лесна за остварување бидејќи е потребен поширок политички консензус меѓу Албанците, за во иднина да се обединат околу постигнувањето на ова прашање или оваа мисија. Добро е познато дека кај нас не е многу лесно да се постигнат уставни измени без да се постигне поширок политички консензус со македонската страна. ДУИ со своето 22-годишно владеење не успеа да го реши ваквото прашање, бидејќи Уставот секогаш беше отворан, но никогаш не успеа да формулира амандман кој ќе го реши ова прашање. Тие исто така потфрлија и во други случаи. Нивната некомпетентност стигна толку многу што не успеаја да ги укинат 20%, а со својата некомпетентност докажаа дека не успеаја ни да го имплементираат албанскиот јазик”, вели Мерсим Максути, Професор по уставно право.

За избирање на претседател во Собранието мора да се отвори Уставот, односно да се интервенира во членот 80 кој наведува дека претседателот го бираат граѓаните на избори. Потоа членот 84, кој ги регулира овластувањата на претседателот, треба да се дополни и да се зголемат овластувањата на потпретседателот, а амандманот 31, кој го регулира цензусот и изборот на претседател во однос на излезноста, ќе треба да се укине. За иницијативата за гласање доверба на шефот на државата, која во овој случај почнува од Собранието и завршува во Уставниот суд, треба да се интервенира во членот 87, односно одговорноста на претседателот да започнува и да завршува во Собранието.

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТАНА ТАТКО ПО ПЕТТИ ПАТ: Поранешниот на Северина доби наследник на кого му даде две имиња, едното го носи и нивното заедничко дете со пејачката!

Следно

Во Белград пријавена епидемија на мали сипаници

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop