„Еко-свест“ ќе го одбележи Денот на планетата Земја со вебинар за просумери

April 22, 2025
2 mins read

Овогодинешниот фокус на одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја е ставен на утројување на глобалното производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030 година и токму поради тоа Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ на 22 април ќе одржи вебинар за просумери, односно за информирање за сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори.

Оваа година, Денот на планетата Земја се одбележува под мотото „Наша енергија, нашата планета“, со што се истакнува клучната улога на луѓето во преминот кон чиста и одржлива енергија. По повод 55-годишнината од глобалното движење, фокусот е ставен на итната потреба да се утрои глобалното производство на обновлива енергија до 2030 година, како еден од најмоќните одговори на климатската криза. Решенијата веќе постојат – сонцето, ветерот и геотермалната енергија и преку заедничка акција можеме да изградиме поздрава, поправедна и просперитетна иднина за сите.

„Преминот кон обновливи извори на енергија покрај тоа што е обврска од меѓународни договори и пактови, е и морална обврска кон идните генерации. Денеска, кога светот го одбележува Денот на планетата Земја, ја потсетуваме јавноста дека енергетската транзиција мора да биде праведна. Тоа значи активно учество на заедниците во одлуките кои се носат за развојот на нивните заедници.“, истакна извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ Лешоска.

„Еко-свест“ ја креираше веб-страницата www.prosumer.mk која има за цел да ги информира и води сите заинтересирани граѓани кои сакаат да станат производители на електрична енергија од обновливи извори за сопствени потреби. Преку јасни и достапни информации, оваа платформа претставува централизирано место каде што може да се најдат сите потребни упатства, законски процедури и практични совети за процесот на приклучување, со крајна цел – да се поттикне порастот на домашното, децентрализирано производство на чиста енергија и учество на граѓаните во енергетската транзиција.

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ активно и континуирано работи на унапредување на процесите на праведната енергетска транзиција, со фокус на зголемување на уделот на обновливи извори на енергија врз деградирано земјиште како што се поранешни рудници.
Во Битола, како еден од регионите најзасегнати со праведната транзиција, „Еко-свест“ спроведува низа активности за подигнување на јавната свест и вклучување на локалните заедници во процесите на трансформација на општеството. Центарот се залага за замена на постоечките капацитети за производство на електрична енергија кои користат загадувачки енергенси со решенија базирани на обновливи извори на енергија имајќи ги притоа во предвид работниците и стабилен економски раст на регионот.

Преку својата работа, „Еко-свест“ ги адресира еколошките и социјалните аспекти на транзицијата и активно работи на унапредување и промена на политиките со цел обезбедување правична, чиста и одржлива енергетска иднина за сите.

„Активностите што ги спроведуваме се клучни за насочување на енергетскиот систем кон обновливи извори на енергија и ублажување на последиците од климатските промени. Континуирано работиме на терен, особено во региони како Битола, каде што заедно со заедниците, институциите, експертите и бизнисите градиме основа за транзиција која ќе биде праведна. Само преку соработка помеѓу сите засегнати страни можеме да постигнеме вистинска промена“, заклучи раководителката на програмата за клима Елена Николовска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ватикан: Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар

Следно

Со стихови на македонски и англиски Никола Маџиров го отвори Фестивалот на светската литература во Њујорк

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop