Еко данок на месо е преглупа идеја

September 26, 2023
1 min read

„Дополнителното еко- оданочување на месото е ужасна идеја. Прво, тоа нема да функционира. Последен пат кога британската влада се обиде да ја оданочи исхраната беше кога ја наметна давачката за слатки пијалоци во 2018 година, што немаше мерливи ефекти врз консумирањето шеќер или дебелината“, пишува Џејсон Рид од „Младите гласови“.

Уште побизарно е, забележува тој, што данокот на месо многу малку би ѝ помогнал на планетата, дури и да успее да ја обесхрабри потрошувачката на месо. Замените за месо како што е тофу, кои даночниците планираат да ги јадеме наместо месо, се направени од соја. Познато е дека производството на соја ја уништува плодноста на почвата и биодиверзитетот и попат го забрзува уништувањето на шумите. Нејзините сопствени емисии на стакленички гасови се исто така значајни.

Едно нешто што го постигна данокот за безалкохолни пијалоци – како што ќе биде и со данокот за месо – беше зголемување на цените.

Со цените и инфлацијата кои во цела Европа растат (а кај нас дивеат), дополнителното пумпање на цената на на основните прехранбени производи за семејствата кои и сега се борат да врзат крај со крај е, во најмала рака, кратковидо.

На име на даноците за шеќер, граѓаните беа олеснети за милијарди долари. Данокот за месо може да се покаже уште поскап за оние кои најмалку можат да си го дозволат месото, особено затоа што наводно поприфатливите еколошките замени за месо се значително поскапи.

„Климатските промени брзо стануваат прва линија во битката против државата дадилка. Познати играчи сакаат да оданочат и да забранат нешта што не им се драги – месото, шеќерот, бензинските автомобили – без разлика колку тоа ќе ги чини сите други. Ако им дозволиме да тргнат по тој пат, тоа никогаш нема да заврши. Данокот за месо нема да ѝ помогне на планетата, но ќе им наштети на нашите паричници, на нашите начини на исхрана и, што е најлошо, на нашата основна слобода на избор“, пишува Рид.

******************

Види и:

Пушењето, лагите и државата-дадилка

Фабрикуваниот консензус за климата ја уби дебатата

ЕУ се цареви за идеи

Нобеловец против климатската хистерија

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, а не на комеморација, рече Владо Јовановски на последното испраќање на актерот Владимир Ендровски – Љац во МНТ

Следно

Секој ден станува се појасно дека Ковачевски не е дораснат за функцијата премиер

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop