Екипажот на мисијата Ах-3 пречекан на Меѓународната вселенска станица од Експедицијата 70

January 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Членовите на екипажот на тимот Ax-3, кои денеска успешно се приклучија на Меѓународната вселенска станица со вселенско летало на Спејс икс беа пречекани од Експедицијата 70, која моментално престојува на Меѓународната вселенска заедница, јавува Анадолу.

Аксиом Спејс во живо ја пренесуваше церемонијата за добредојде подготвена за тимот на Ax-3, во кој е и турскиот астронаут Алпер Гезеравџи, кој се заблагодари за пречекот.

„Пред сè би сакал да се заблагодарам на седумчлениот тим на експедицијата за љубезното гостопримство. Тие всушност нѐ чекаа на врата. Беше многу убав и љубезен дочек за нас. Би сакал да им се заблагодарам на сите за големиот труд во последните осум месеци обука за да стигнеме до овде, како и на сите наши колеги кои придонесоа за нашето безбедно патување кон Меѓународната вселенска станица. Како Туркије, среќни сме што го направивме првиот чекор во нашата историја. Се радуваме што ќе придонесеме за научно-истражувачката работа овде“, рече Гезеравџи на англиски јазик.

Потоа кратко се обрати и на турски и рече:

„Сакам да ја изразам мојата благодарност до Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци, кои ја основаа Република Туркије и ни ја оставија во аманет, на сите наши загинати херои кои ги дадоа своите животи за оваа земја, нашата држава и народот чија силна волја ни овозможи да стапнеме овде“, рече Гезеравџи.

Своето кратко обраќање го заврши со реченицата: „Иднината е на небото“, инаку позната реченица на основачот на модерна Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.

По речиси 36 часа патување низ вселената, тимот на Ax-3, во кој е и турскиот астронаут Гезеравџи, пристигна на Меѓународната вселенска станица во 11:42 часот по централноевропско време.

Гезеравџи и тројца членови на екипажот од Шпанија, Италија и Шведска ќе изведат над 30 научни експерименти и демонстрации на Меѓународната вселенска станица како дел од мисијата Ах-3. Гезеравџи е првиот турски патник во вселената и ќе спроведе 13 научни истражувања за време на неговиот 14-дневен престој во станицата.

Мисијата Ax-3 ја предводи Мајкл Лопез-Алегрија, кој ги претставува САД и Шпанија, додека во екипажот се и Валтер Виладеи како пилот од Италијанските воздухопловни сили и Маркус Ванд од Шведска, претставник на Европската вселенска агенција.

Полетувањето првично беше планирано за 9 јануари, но двапати беше одложено за 17 јануари, а потоа за 18 јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снегот го отежна сообраќајот низ земјава

Следно

Ако Украина падне конфликтот ќе се прошири и на Балтикот – предупредуваат украинските активисти во земјава

Latest from Blog

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се
Go toTop