ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната

June 3, 2025
2 mins read

Европската комисија утре треба да го објави т.н. Извештај за конвергенција, кој ќе содржи оценка за тоа дали Бугарија ги исполнува критериумите за да биде примена во Еврозоната од 1 јануари 2026 година.

Исто така утре, свое мислење за тоа дали Бугарија е подготвена да биде членка на Еврозоната треба да даде и Европската централна банка (ЕЦБ), но по правило од клучно значење ќе биде ставот на Комисијата.

Приемот во Еврозоната би значел дека бугарскиот лев ќе биде заменет со еврото како национална валута во Бугарија.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков минатата недела изрази уверување дека Европската комисија ќе даде позитивно мислење за приемот на Бугарија во Еврозоната.

Но, наспроти оптимизмот на властите, мнозинството Бугари, според анкетите на јавното мислење, се против замената на левот со еврото. Така според анкета бугарското државно радио БНР, дури 57,1 отсто од Бугарите се против прием на земјата во Еврозоната, а 39 проценти поддржуваат замена на левот со еврото. Истражувањето покажува и дека скептичноста кон еврото е поголема меѓу повозрасните Бугари.

Противниците на замената на левот со еврото стравуваат дека тоа ќе доведе до раст на цените и губење на контрола врз монетарната политика на земјата од страна на Софија. Главни промотори на ваквите ставови се бугарските националистички партии.

Бугарскиот претседател Румен Радев, кому исто така му се припишува резервираност кон прифаќањето на еврото, на почетокот на мај најави дека ќе предложи распишување на референдум за членство на Бугарија во Еврозоната. Но, ваквата идеја не наидува на поддршка во бугарското Собрание, каде партиите кои се за прифаќање на еврото имаат мнозинство пратеници, а според правни експерти, постојат и дилеми околу уставноста на таквото референдумско прашање.

За да ги намали стравувањата на противниците на членството во Еврозоната, премиерот Жељазков истакна дека Владата „ќе ја гарантира безбедност на бугарските потрошувачи и по воведувањето на еврото”. – Ова вклучува и законски измени во врска со прифаќањето на еврото, со цел Бугарите да не стравуваат за своите заштеди, додаде Жељазков.

Дополнително, поддржувачите на прифаќањето на еврото наведуваат дека тоа ќе ја зголеми економската стабилност на земјата и ќе овозможи полесен пристап до финансиски средства.

Според Договорот за Европската Унија, секоја нова земја членка при приемот се обврзува да го прифати еврото, но нема утврден временски рок за тоа. За да се приклучи кон Еврозоната, секоја земја мора да ги исполни Мастришките критериуми, кои предвидуваат ниска инфлација, буџетски дефицит на ниво под три отсто од БДП, јавен долг од под 60 проценти од БДП, најмалку двегодишно учество во Европскиот механизам на девизниот курс (ЕРМ 2), како и просечната номинална долгорочна каматна стапка да биде повисока за најмногу два процентни поени од просечните камати во трите земји на ЕУ со најниска инфлација.

Бугарија, која стана членка на ЕУ на 1 јануари 2007 година, на 10 јули 2020 година се приклучи кон механизмот ЕРМ 2, кој колоквијално се нарекува „чекална за Еврозоната“, од кога курсот на бугарскиот лев е врзан за еврото.

Софија првично планираше Бугарија да се приклучи кон Еврозоната на 1 јануари 2024 година, но оваа цел не беше остварена поради високата инфлација, чиј раст се припишуваше на Ковид пандемијата и руската инвазија врз Украина, но и поради политичката нестабилност во земјата со неможноста за формирање стабилна Влада.

Доколку се приклучи кон Еврозоната, Бугарија ќе стане нејзина 21-ва земја членка. Покрај Бугарија, членки на Еврозоната меѓу државите од ЕУ не се и Данска, Полска, Романија, Унгарија, Чешка и Шведска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава

Следно

„Женски Круг #5: „Дојди како што си!“ – уникатно искуство за лична трансформација и женска поддршка

Latest from Blog

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби на ова чувствително прашање од страна на дел од опозицијата, насочени кон

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство

Николоски најавува долгорочен развој преку нов просторен план

Скопје – Во тек е подготовка на нов просторен план на државата, документ кој треба да ја дефинира долгорочната насока на просторниот и инфраструктурниот развој, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар
Go toTop