ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија

December 2, 2024
1 min read

Европската комисија реши да ја стопира исплатата на втората транша за Бугарија во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост во износ од 653 милиони евра, поради неспроведувањето на предвидените реформи.

Во соопштението на Европската комисија се посочува дека исплатата на овие средства е суспендирана на шест месеци, бидејќи Бугарија не ги исполнила своите преземени обврски поврзани со реформи во енергетиката, борбата против корупцијата и јавните набавки.

Сега Бугарија има рок од еден месец да одговори на оценката на Комисијата за причините за блокирање на средствата. Станува збор за втора рата од вкупните средства во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост, според кои Бугарија има право на грантови во износ од 5,69 милијарди евра.

Од оваа вкупна сума Софија доби само 1,37 милијарди евра во првата транша, а доколку работите се одвива според планираната динамика на реформи, ЕУ ќе требаше досега да и исплати 4,3 милијарди евра.

Доколку бугарските институции не ги спроведат планираните реформи во рок од шест месеци, ЕК би можела да одлучи да ги намали вкупните средства наменети за земјата во рамки на Планот.

Се проценува дека суспендирањето на исплатата на овие средства ќе предизвика нова „дупка“ во буџетот на Бугарија за 2024 година, во услови кога земјата прави напори за ограничување на буџетскиот дефицит на ниво од три отсто со цел да се приклучи на Еврозоната во 2025 година.

Меѓу забелешките од ЕК е онаа поврзана со одлуката на бугарското Собрание за блокирање на реформите за либерализација на енергетскиот пазар, поради стравувањата дека ваквиот потег би резултирал со наглото зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата во земјата. Со блокирање на овие реформи во сила останува целосната државна регулација на енергетскиот пазар во Бугарија, иако земјата се обврза за целосна негова либерализација до крајот на 2023 година.

Втората неспроведена обврска се однесува на поттикнување и промоција на производство на електрична енергија од обновливи извори, кампања која е цел на жестоки напади во социјалните медиуми во Бугарија, зад која се оценува дека стои проруската пропаганда.

Третата неисполнета реформа е поврзана со усвојувањето на патоказот за климатска неутралност, според чиј нацрт до 2038 година би требало да бидат затворени термоцентралите на јаглен во земјата. Усвојувањето на патоказот беше блокирано од страна на пратениците од проруската националистичка партија Преродба и на популистичката Има таков народ (ИТН) на последната седница на претходниот состав на Парламентот.

ЕК и забележува на Бугарија и поради неспроведувањето на реформите поврзани со борбата против корупцијата, вклучително и неизборот нов претседател и членови на антикорупциската комисија.

Вицепремиерката и министерка за финансии во актуелната бугарска техничка Влада, Људмила Петкова предупреди дека поради неспроведувањето на овие реформи земјата може да загуби „милијарди евра средства од ЕУ“, да му се нанесе сериозна штета на државниот Буџет, па дури и да се одложи влегувањето на Бугарија во Еврозоната.

Бугарија е и единствената членка на ЕУ која до Европската комисија се уште не го доставила својот план во рамки на иницијативата „РеПауерЕУ“, со која треба да се постигне енергетска независност од Русија.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка – 3 степени

Следно

Бајрами: Се надевам дека во најскоро време ќе бидат откриен(и) сторителот или сторителите на настанот

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop