ЕК додели 83 милиони евра за поддршка на цивилите во Украина и Молдавија погодени од руската агресија

February 21, 2024
1 min read

Во пресрет на двегодишнината од почетокот на руската воена агресија врз украинската држава, Европската комисија најави дополнителна хуманитарна помош од 83 милиони евра за поддршка на цивилите во Украина и Молдавија погодени од последиците на војната. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од вкупната сума, 75 милиони евра се наменети за хуманитарни проекти во Украина, како обезбедување сместување, чиста вода, образование и здравствена заштита, пред се за лицата кои живеат во областите близу до линијата на фронтот. 

Останатите осум милиони евра се предвидени за хуманитарни проекти во Молдавија наменети за најранливите категории граѓани, кои вклучуваат парична помош и пристап до социјална и здравствена заштита. 

Комисијата посочува дека оваа финансиска поддршка доаѓа во клучен момент, имајќи предвид дека околу 14,6 милиони луѓе во Украина имаат потреба од хуманитарна помош. 

– Целните руски напади врз клучната енергетска и цивилна инфраструктура во Украина, како што се болниците, училиштата и електричната мрежа, сериозно го попречуваат пристапот на луѓето до основните услуги. Со секое ново гранатирање, се поголем број Украинци остануваат без покрив над главата и имаат потреба од помош и засолниште во услови на ниски температури, наведува Еврокомисијата. 

Со овие најнови средства за поддршка, вкупната хуманитарна помош на Европската комисија за цивилите погодени од војната во Украина од стартот на руската агресија во февруари 2022 година достигна 926 милиони евра. Од оваа сума 860 милиони евра се доделени за хуманитарни програми во Украина, а 66 милиони евра за поддршка на украинските бегалци во Молдавија. 

Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган – Рама: Туркије и Албанија се членки на НАТО кои имаат улога во зачувувањето на мирот на Балканот

Следно

Свечена изјава на новата членка на Советот на јавни обвинители Зорица Павловиќ

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop