Егзекутирано лице во Иран поради шпионирање за израелскиот Мосад

December 17, 2023
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Лицето осудено за шпионирање за израелската разузнавачка агенција Мосад егзекутирано е вчера во иранската југоисточна провинција Систан и Белуџистан, пренесува Анадолу.

Новинската агенција Мизан, поврзана со иранското судство, објави дека лицето е обвинето за врски со странски разузнавачки агенции, вклучувајќи го и Мосад, без притоа да го открие неговиот идентитет.

Во објавата се наведува дека лицето „свесно собирало доверливи информации додека комуницирало со странски агенции“ и тие документи им ги доставувал на разузнавачки агенции, вклучувајќи го и израелски Мосад.

„Обвинет е за разузнавачка соработка и шпионирање во корист на непријателскиот ционистички режим, собирање доверливи информации и давање информации директно на службеник на разузнавачката агенција Мосад, со цел нарушување на јавниот ред“, се вели во веста што ја објави новинската агенција Мизан.

По приведувањето, судено му е во револуционерниот суд во Захедан, главниот град на иранската провинција Систан и Белуџистан, кој го осуди на смрт.

Подоцна пресудата ја потврди и Врховниот суд на Иран, а жалбата на осуденикот за амнестија е одбиена.

Идентитетот на лицето и неговата националност не се објавени. Во минатото голем број Иранци и двојни државјани се егзекутирани, воглавно под обвинение за шпионирање за странски разузнавачки агенции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Женева се собраа околу 8.000 луѓе на протест за поддршка на Палестина

Следно

Зошто СДСМ не го замоли Шолц, кој доаѓа од нивната сестринска партија, да го извади премиерот на Бугарија когa ќе се одлучува за Македонија

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop