Египетскиот претседател Ал-Сиси: Посетата на Туркије го отвора патот за нова фаза во односите

September 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денес рече дека неговата посета на Туркије го отвора патот за нова фаза во египетско-турските односи, јавува Анадолу.

„Мојата посета на Туркије го отвора патот за нова фаза во економските и трговските односи“, рече Ал-Сиси на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Сведоци сме на пораст на комуникацијата меѓу две земји во последните години“, додаде тој.

Египетскиот претседател ги поздрави напорите за приближување меѓу Туркије и Сирија „со цел постигнување на политичко решение и олеснување на страдањата на сирискиот народ, во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Ал-Сиси рече дека Египет и Туркије делат цврст став „за неопходноста од постигнување прекин на огнот во Газа и ставање крај на израелската агресија на Западниот Брег“.

„Нашите разговори беа фокусирани на начините за справување со хуманитарната трагедија што ја преживуваат Палестинците во Газа“, додаде тој.

Израел започна брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа над 40.800 луѓе, главно жени и деца, а повредени се речиси 94.400.

Израелската војска минатата недела ја започна и својата најголема воена операција на северниот дел на Западниот Брег во последните две децении, при што загинаа најмалку 33 луѓе, и предизвикано е огромно разорување во областа.

Египетскиот претседател во официјална посета на Анкара допатува денес, на покана на Ердоган.

По еднодневната посета, Ал-Сиси замина од Анкара во вечерните часови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео од хеликоптерот на МВР за пожарите кај Прилеп и Kатланово

Следно

Во Собранието седници на три комисии

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop