Ефтимов: Минатата власт донесе правда во нивна корист за да си ги заштитат нивните сопствени криминали и да се заштитат од одговорност

March 10, 2025
1 min read

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше државниот секретар во министерството за правда, Дајанчо Ефтимов. Тој на поткастот говореше на повеќе теми кои се актуелни во општеството, како Судскиот совет, Јавното обвинителство и мерките на министерството за правда кои се преземаат за борба против корупцијата и криминалот.

„Членовите на Судскиот совет се еден колектив којшто работи единствено, потенцирам и само единствено во однос на тргување со влијание и нивни внатрешни сплетки под превезот на претходните носители на јавни функции како што беа и во состојба кога се менуваа и претседатели на Судскиот совет, по насока на тогашната извршна власт и целата Влада, и претседателот на Судскиот совет беа менувани за да после тоа, после неколку месеци и самиот суд којшто, потенцирам судиите во тој суд се избрани токму од страна на Судскиот совет, истите да им дадат школски пример дека Судскиот совет не постапил согласно позитивните законски прописи“, истакна Ефтимов во однос на работењето на членовите на Судскиот совет.

Ефтимов говореше и за предлогот на Владата за разрешување на ЈО Коцевски, каде што истакна дека Советот на јавни обвинители треба да биде за реформи во судството, а не кочничар и да ги брани постапките на Коцевски.

„Сметам дека најдоблесно ќе биде и за самиот Совет на јавни обвинители, дали ќе се стави на линијата на кочничар на реформите во правосудниот систем или истиот ќе биде додадена вредност во однос на реформирање во целокупниот правосуден систем кој е сега предизвик, дали истите ќе се одважат да постапуваат и непристрасно да ги разгледаат сите состојби во којшто сме доведени од постапувањето на самиот јавен обвинител“, нагласи Ефтимов.

Тој дополни во однос на правосудниот систем, дека ликови како Артан Груби се фалеле дека го реформирале судството, а сега кога треба да се најдат пред лицето на правдата, бегаат од самиот тој систем, кој впрочем и тие го создале.

„Сега бегаат од лицето на правдата. Зошто истите имаат недоверба во системот во којшто тие учествувале во неговото формирање или реформирање, бидејќи тие се декларираат дека се реформатори во правосудниот систем и дека органите работат независно и транспарентно. Ако истите веруваат во тоа што го зборувале дека работат независно и транспарентно, час поскоро треба да се вратат овде во Македонија и да ја докажат својата невиност“, потенцираше Ефтимов.

Тој на крајот даде заклучок за однесувањето на минатата власт во однос на правдата во Македонија и на кој начин ја спровеле истата.

„За тоа што направиле за да се донесе правдата, сите сме сведоци дека направиле да се заштитат сопствените криминали и да се заштитат од нивните дејствија, коишто ги презеле кога биле на власт“, заклучи Ефтимов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Следно

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop