Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија

May 21, 2024
1 min read

Во силното невреме што го зафати Сомбор и околината околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го управувала, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Како што изјавил, жената од здобиените повреди починала на самото место, се наведува во соопштението на српското МВР.

Дачиќ ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни поради невремето во Србија, за кое предупреди и Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Силно невреме го зафати Нови Пазар и околината околу 15 часот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населби. Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, јавува РТС.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Која е девојката на победникот на Евровизија 2024? Биле во врска 5 години, а потоа и го признал ова!

Следно

Невреме во со дожд и град во Липково

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop